Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, успешно беше опериран денеска во специјализирана клиника во Белград. Операцијата, која траеше неколку часа, беше извршена поради акутни здравствени проблеми поврзани со хранопроводникот и стомакот. Во моментов, Додик се наоѓа на одделението за интензивна нега, а неговата состојба е стабилна.
Операцијата започнала утрово во 08:00 часот, а била извршена од тим на врвни специјалисти. Дополнителни консултации биле направени со лекар од Република Српска, за да се обезбеди најдобар можен третман.
Благодарен сум на сите странски државници и жители на Република Српска кои ми испратија пораки за поддршка и добри желби за брзо закрепнување. Тоа ми дава дополнителна сила“, изјави Додик преку својот кабинет.
Медицинскиот тим соопшти дека состојбата на Додик е стабилна, но тој ќе остане под строг медицински надзор во наредните денови. Кабинетот на претседателот информираше дека јавноста ќе биде редовно известувана за неговото здравје.
Голем број државници, граѓани и јавни личности од Република Српска и регионот испратија пораки за поддршка до претседателот, изразувајќи надеж за негово брзо закрепнување.