Далибор Медојевиќ, поранешен началник на Одделот за сузбивање на економски криминал, е осомничен дека му дал доверливи информации од полицијата на Јован Вукотиќ, и дека му ја открил локацијата во Киев каде се криел Радоје Звицер,  водачот на Кавачкиот клан.

Во мај 2020 година, четворица членови на кланот Шкаљарскиот клан се обидоа да го убијат  Звицер пред зградата во која живееше со семејството во елитниот дел на Киев.

Далибор Медојевиќ беше уапсен на 8 март годинава, по наредба на Специјалниот државен обвинител, под сомнение дека е член на организирана криминална група и дека му давал чувствителни полициски информации на лидерот на Шкалјарците, Јован Вукотиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.