Се започна поради запленувањето на цигарите во пристаништето Бар, тогаш почна кампањата против мене, изјави премиерот Абазовиќ.- Зад национализмот стои корупцијата, убеден е тој

Пратениците во Собранието на Црна Гора расправаат за гласање недоверба на црногорската влада. ДПС и нејзините долгогодишни коалициски партнери поднесоа барање за недоверба откако премиерот Абазовиќ на почетокот на август во Подгорица го потпиша Основниот договор со СПЦ. Според нивното мислење, поради ова се доведува во прашање натамошното продолжување на процесот за влез во Европската унија.

„Ако сакате да го користите она што го користите секој ден, платени аналитичари, медиуми и корисници, слободно. Јас никого не измамив, сто пати реков дека ќе се потпише Основниот договор и тоа го направив. Тоа го пишува и во петтата точка од договорот за формирање влада, регулирање на односите меѓу државата и верските заедници во Црна Гора, изјави Дритан Абазовиќ.

„Сето тоа се должи на еден проблем, а се вика заплена на цигари во пристаништето Бар, од месец мај. Таа ја започна приказната за соборувањето на Абазовиќ. Затоа што тој не е премиер што ќе биде во фотелјата уште два месеци, за да прави вакви компромиси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.