Премиерот на Бугарија Кирил Петков при влегувањето во Народното собрание соопшти дека Драгомир Заков е новиот предлог за министер за одбрана.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Драгомир Заков е професионален дипломат од кариера и од 2019 година е постојан претставник на Бугарија во седиштето на НАТО во Брисел.

Народното собрание во моментов е на 30-минутна пауза по барање на владејачката партија „Продолжуваме со промената“.

Вчера бугарскиот премиер Кирил Петков побара оставка од министерот за одбрана Стефан Јанев поради објава на Фејсбук, во која руската акција во Украина ја опиша како операција, а не се послужи со терминот војна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.