Состојбата на ученикот В.П. ранет во масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ е многу подобра, но тој се уште не ги чувствува долните екстремитети.

Момчето В.П., кое беше рането во средата на 3-ти мај кога во ОУ „Владислав Рибникар“ беше рането од малолетникот Коста К., се здобило со тешки телесни повреди во пределот на градниот кош, вратот и кичмата, но како што неофицијално се дознава, неговата состојба е значително подобра.

Состојбата на момчето од „Рибникар“ е значително подобра во однос на онаа во која се наоѓаше кога беше хоспитализиран. Тој е свесен, ги движи главата и рацете и нормално комуницира со лекарите и медицинскиот персонал. Се опоравува, но уште не ги чувствува долните екстремитети, вели извор на Информер од Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Седмоодделенецот Коста К.(13) уби девет деца и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар. Во овој грозоморен напад тој тешко рани неколку негови врсници, како и наставник по историја. Едно од ранетите девочиња, почина со што билансот на починати се искачи на 10.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.