Мајката на 13-годишниот Коста К., кој го изврши масакрот во неговото основно училиште „Владислав Рибникар“ во Белград ниту еднаш не изразила желба да го види, дознава српски „Курир“. Тој веќе шест дена е во специјално одделение во психијатриска установа, чија адреса не се открива во јавноста поради деликатноста на случајот.

Тој е сместен во психијатриска установа и лекари секојдневно ја следат неговата состојба, а установата е и под надзор на Одделот за криминалистичка полиција. Никој од неговото најблиско семејство никогаш не дошол да го посети, ниту пак изразил желба за тоа, вели извор на „Курир“ близок до семејството на момчето.

Единствена личност што дошла во институцијата е роднина, која не го посетила, туку само предала негови работи на вработените.

Татко му е во притвор, па нема можност да го види, а мајка му никогаш не била, ниту пак побарала да оди кај него, тврди изворот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.