Јас сум Игор Вукотиќ, но не сум водач на Шкаљарскиот клан! Вака Србин преку социјалните и пишаните балкански медиуми се обидува да им објасни на мафијашите дека грешна е објавената фотографија од него во еден медиум и дека всушност не станува збор за Игор Вукотиќ – мафија босот, туку обичен човек.

Со објавената фотографија, вели тој, ми ставија мета на чело, особено по неодамнешното убиство на Јовица Вукотиќ. Земунецот од 2007 година, како што вели, практично живее хорор филм. Тој без да знае се нашол во епицентарот на војната меѓу клановите на Котор, бидејќи неговото име и презиме се исти како и на которанецот кој бил посочен како еден од водачите на шкаљарскиот клан – Игор Вукотиќ.

Вистинскиот бос Вукотиќ е еден од мафијашите кои добија македонски пасоши

Игор за српски „Курир“ раскажува дека поради истото име, презиме и датум на раѓање како и избеганиот шкаљарец, постојано живее во страв.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.