Хрватските и бугарските власти денеска ги советуваа своите граѓани да ја напуштат Украина, приклучувајќи им се на големиот број земји кои го сторија тоа поради страв од можен руски напад врз земјата.

Исто така, на Хрватите и Бугарите им се препорачува да избегнуваат патување во Украина, особено долж границата со Русија и Белорусија и во близина на линијата на разграничување со привремено окупираните области на Крим и Донбас.

САД, Велика Британија, Холандија, Данска, Летонија, Естонија, Австралија и Нов Зеланд претходно ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина. Денеска истото го направија и Албанија, Германија, Шведска, Шпанија, Италија и Франција, Саудиска Арабија и Јордан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.