Во резолуцијата изгласана во средата, европратениците изразија сериозна загриженост поради „сериозните закани“ за демократијата, владеењето на правото и основните права во Грција.

Европскиот парламент е „исклучително загрижен за многу сериозните закани за демократијата, владеењето на правото и основните права во Грција“ и „нагласува дека системите на проверка и рамнотежа се од суштинско значење за силна демократија и со загриженост забележува дека овие системи се под голем притисок“ во Грција, се вели усвоенате резолуција со 330 гласа „за“, 254 „против“ и 26 воздржани.

Меѓу другото, како проблематични во Грација посебно се апострофирани и недостигот од медиумски плурализам и безбедност на новинарите, употребата на шпионски софтвер против политичките противници, прекумерната полициска употреба на сила и ткн. напад на илегалните мигранти.

Европратениците, исто така, ја повикаа грчката влада „да донесе итни мерки и неопходни реформи за подобрување на капацитетот и транспарентноста на полицијата за истрага на случаите на организиран криминал, вклучително и истражување на силни индиции за врски меѓу организираниот криминал и полицијата во сите редови“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.