Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека ЕУ треба да го отвори патот за пристап на Анкара во блокот пред турскиот парламент да ја одобри кандидатурата на Шведска за приклучување кон НАТО алијансата.

Говорејќи во пресрет на неговото заминување на самитот на НАТО во Вилнус, Ердоган рече дека приемот на Шведска зависи од спроведувањето на договорот постигнат минатото лето, за време на самитот на Алијансата во Мадрид.

Тој истакна дека никој не треба да очекува компромиси од Анкара.

Ердоган додаде дека крајот на војната меѓу Украина и Русија ќе го олесни процесот на пристапување во НАТО за Киев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.