Притисокот врз Бугарија доаѓа од западните земји и од САД и мора да се врати назад – тие мора да ја натераат Македонија да ги почитува договорите за да може да почнат преговорите за влез во ЕУ, вели за бугарска Нова, европратеникот Ангел Џамбаски.

Всушност, парадоксално, ова однесување на САД и ЕУ функционира во интерес на Русија. Договорот мора да се почитува, а не се почитува од владата во Скопје. Во учебниците, медиумите, политичарите продолжуваат да користат говор на омраза против Бугарија, тоа не се промени – рече тој.

Според него, една од задачите на актуелната влада во Бугарија била да го пренесе ставот на нашата земја, но можеби сфатиле дека многу ќе страдаат.

Ако бугарската влада се свитка, ќе се скрши. Оваа влада ја води Нинова, а Демократска Бугарија и служи на БСП. Ако се смени бугарската позиција за Македонија, владата ќе падне – рече Ангел Џамбазки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.