За да се заврши успешно школската година и да нема прекин на наставата, дел од училиштата во Србија ќе преминат на онлајн настава. Овој пат не поради ковид туку поради дојавите за поставени бомби.

Само вчера имаше дојави за бомби во 97 основни и во неколку средни училишта во Белград поради што наставата таму не се одвиваше. Во најголемиот дел од нив, по проверката, било констатирано дека станува збор за лажни дојави.

Утрово министерот за образование Бранко Ружиќ изјави дека, поради ваквите дојави, моделот на настава ќе се приспособува односно таму каде што ситуацијата е безбедна децата ќе продолжат со настава со физичко присуство, а онаму каде што проверката не е завршена, наставата ќе се одвива на далечина.

Ако биде потребно, како што изјави министерот утрово, ќе се примени онлајн моделот за да се заврши учебната година.

Изминатиот период српските власти секојдневно се соочуваат со низа лажни дојави и за во трговски центри, а само вчера, како што информираа тамошните медиуми, освен за во училиштата, имало дојави имало и за поставени бомби на мостови, зоолошка градина, ресторани, железничка станица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.