Детето В.П. кое е рането кога на него пукал малолетниот Коста К., во основното училиште Владислав Рибникар, во Белград, и кој во таа прилика се здобил со тешки повреди на кичмата и главата, бил во толку непрепознатлива состојба, што ни неговиот татко не сфатил за кого се работи, кога стигнал во болница.

Како што дознава српски Информер, ранетото дете е син на пулмологот Спасоје Попевиќ.

Околностите станале уште потрагични, со оглед на тоа дека Попевиќ, кој е началник на пулмологија во КЦС, работел за време на вчерашниот ден и на неговото одделение  стигнал токму неговиот ранет син, кој тој не си го препознал од многуте тешки повреди и рани кои му биле нанесени.

Лекарот го здогледал крвавото и изобличено лице на детето, кое било целосно непрепознатливо. Иако колегите му кажале дека тоа е неговиот син, тој не можел да верува. Сепак кога му станало јасно дека се работи за неговото дете кое лежи пред него, докторот целосно избезумен, вриштел и го кинел мантилот во состојба на екстремениот шок кој го доживеал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.