Повреденото девојче во вчерашниот крвав пир во училиштето во Белград, сè уште е во тешка состојба и се бори за живот. Останатите повредени момчиња, како и наставничката, се во стабилна состојба, пренесуваат утрово српските медиуми.

Девојчето кое вчера итно беше оперирано поради повреди на главата е во животозагрозувачка критична состојба и на интензивна нега. Лекарите прават сè за да ја одржат во живот, но нејзината општа состојба е многу тешка и витално е загрозена, велат од Тиршова.

Двете момчиња со прострелни рани на долните екстремитети се стабилни, примаат антибиотска терапија и може да се каже дека имаат полесни физички повреди, додаваат од таа болница.

Директорката на КЦС д-р Милика Ашанин, пак, откри дека тројца од четворицата повредени кои се наоѓаат во Ургентниот центар се сосема добро, дека се будни и дека лекарите разговараат со нив. Станува збор за двајца ученици и еден наставник.

Што се однесува до четвртиот пациент, тој дојде со тешки, сложени, прострелни повреди на градниот кош, вратот и на кичмата, имаше две операции. Тој е подобар, буден е, но состојбата е сепак критична. Денеска ќе имаме серија контролни прегледи и снимки за да ги видиме ефектите од операциите, изјави д-р Ашанин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.