Бугарија одбива да испраќаоружје во Украина.

Бугарскиот премиер Кирил Петков верува дека Бугарија е „премногу блиску до конфликт“ за да испрати оружје таму.

Истовремено, по ова прашање дојде до раскол во владејачката коалиција.

Социјалистичката партија предупреди дека ќе се повлече од коалицијата доколку воена опрема од Бугарија биде испратена во Украина. Друга коалициска партија, Демократската партија, пак, најави дека ќе го стори истото доколку Бугарија одбие да достави оружје во Киев – пишува „Блумберг“.

Премиерот вети дека „ќе бара дијалог во коалицијата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.