На 10 март се навршуваат 80 години од спасувањето на бугарските Евреи. Денот на спасувањето на бугарските Евреи и жртвите на холокаустот и злосторствата против човештвото се одбележува од 2003 година, со одлука на Советот на министри од 13 февруари 2003 година, се вели во извештајот на одделот „Директориум“ на БТА. Определувањето на датумот е поврзано со декларацијата усвоена на 18 октомври 2002 година од министрите за образование на земјите членки на Советот на Европа, според која секоја земја одбележува ден во спомен на жртвите на холокаустот и на настраданите во злосторства против човештвото, согласно својата национална историја.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

На 17 март 1943 година, потпретседателот на 25. Народно собрание Димитар Пешев испратил изјава до премиерот, поддржана од 43 народни претставници, против депортацијата на бугарските Евреи. Со активното дејствување на пловдивскиот митрополит Кирил, софискиот егзарх Стефан, со интервенција на јавноста, од депортација се спасени близу 50.000 бугарски Евреи.

Од 2006 година се одбележува и Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот, согласно резолуција на Генералното собрание на ОН.

Во Националната библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“, претседателот Румен Радев ја отвори документарната изложба „80 години од спасувањето на бугарските Евреи“. Почесен гостин на настанот беше познатиот историчар и јавна личност од Израел проф. Мајкл Бар-Зоар. Изложбата опфаќа експонати од колекцијата на Националната библиотека, документарни докази за животот на Евреите во бугарските земји, вклучително и и за време на Втората светска војна, како и наградите што му беа доделени постхумно на цар Борис III од меѓународните еврејски организации, вклучително и Светскиот еврејски конгрес и Лигата против клеветата.

По преживеани две национални катастрофи, Бугарија прави се што е можно за да не биде вовлечена во нова војна на Стариот континент. И покрај притисокот на нацистичка Германија врз бугарските институции, нашиот народ го отфрла антисемитизмот и сам, распарчен и прогонет, го бара патот за дијалог, за мирна ревизија на неправедниот Нејски диктат. Вака рече претседателот Румен Радев на отворањето на изложбата во Националната библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“.

Меѓу гостите на церемонијата беа техничкиот премиер Галаб Донев, потпретседателката Илијана Јотова, техничкиот вицепремиер Атанас Пеканов, техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков, техничкиот министер за култура Најден Тодоров, техничкиот министер за иновации и раст Александар Пулев, техничкиотминистер за туризам Илин Димитров, техничкиот министер за одбрана Димитар Стојанов, поранешен премиер Симеон Саскобурготски, генералниот директор на Бугарската телеграфска агенција (БТА) Кирил Валчев, амбасадорот на државата Израел Јорам Елрон, познатиот историчар и јавен деец од Израел проф. Мајкл Бар-Зоар, јавни личности, свештеници и граѓани.

За мене е чест да ја отворам оваа изложба во присуство на нашите израелски пријатели и почитуваниот, драг почесен гостин проф. Бар-Зоар – јавна личност, историчар, верен пријател на Бугарија. Неговата извонредна книга „Спас“ на уникатен начин му ги открива на светот настаните од пролетта 1943 година, кои доведоа до спасување на бугарските Евреи“, рече Радев. „Проф. Бар-Зоар ја открива и толеранцијата, пријателските чувства и хуманизмот на бугарскиот народ во еден од најтемните периоди во историјата на човештвото, кога Европа беше здробена од чизмата на Хитлер“, додаде шефот на државата.

Според него, изолирана и загрозена од окупација, Бугарија била принудена да се приклучи на Тројниот пакт.

Изгубената неутралност доведе до усвојување на антиеврејско законодавство, но тоа не го промени односот на нашиот народ кон еврејските пријатели, соседи, соученици и колеги, рече Радев.

Шефот на државата изјави дека Бугарите не ја изневериле својата толеранција и емпатија кон оние што страдаат.

Бугарските институции продолжија да издаваат транзитни визи за илјадници Евреи кои бегаа од окупирана Европа. Нашите дипломати нагласуваат дека антиеврејското законодавство наметнато однадвор во Бугарија ќе биде спроведено на таков начин што ќе го замолчи секој обид за насилен антисемитизам.

Во деновите на највисоко искушение, бугарската држава и народ поминаа тест со огромна историска вредност со тоа што не дозволија ниту еден бугарски Евреин да загине во логорите на смртта или да биде убиен во Бугарија“, рече Радев.

Тој додаде дека спасувањето на бугарските Евреи продолжува да биде пример за моќта на јавната и политичката енергија посветена на една праведна кауза.

Во нашата историја засекогаш ќе остане лекцијата за државништво на 43-те пратеници од владиното мнозинство во Народното собрание, кои го потпишаа писмото на потпретседателот Димитар Пешев, на достојните духовни водачи на Бугарската православна црква, која во тоа време беше дел на државата, на активната јавна позиција, на голем број научни и стручни здруженија, на моралната улога на интелектуалната елита, која остана верна на традициите на својот народ и земја. Нема да го заборавиме придонесот на бугарските Евреи во антифашистичкиот отпор“, нагласи Радев.

Румен Радев додаде дека 80 години по настаните, невидениот чин на спасување на бугарските Евреи останува „наша силна морална основа во борбата против омразата, ксенофобијата и современите манифестации на антисемитизмот“.

По отворањето на изложбата од Националната библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“ до спомен-плочите на спасителите на бугарските Евреи, започна поворка во која учествуваа претседателот Румен Радев, премиерот Галаб Донев, потпретседателката Илијана Јотова, техничкиот вицепремиер Атанас Пеканов, техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков, техничкиот министер за култура Најден Тодоров, техничкиот министер за иновации и раст Александар Пулев, техничкиотминистер за туризам Илин Димитров, техничкиот министер за одбрана Димитар Стојанов, поранешниот премиер Симеон Саскобурготски, генералниот директор на Бугарската телеграфска агенција (БТА) Кирил Валчев, амбасадорот на државата Израел Јорам Елрон, познатиот историчар и јавна личност од Израел проф. Бар-Зоар, јавни личности, свештени лица и граѓани.

Пред спомен-плочите на спасителите на бугарските Евреи беа поставени венци од името на претседателот Румен Радев, неговата Светост бугарскиот патријарх Неофит и Светиот синод на Бугарската православна црква, како и од царското семејство. Цвеќе пред спомен-плочите на спасителите на бугарските Евреи положија техничкиот вицепремиер Атанас Пеканов, техничкиот министерот за надворешни работи Николај Милков, техничкиот министер за иновации и развој Александар Пулев, техничкиот министер за туризам Илин Димитров, техничкиот министер за одбрана Димитар Стојанов, генералниот директор на бугарската телеграфска агенција Кирил Валчев, дипломати и граѓани.

Извор: МИА/БТА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.