Коста Кецмановиќ (13), кој вчера уби осум врсници и чуварот во училиштето, а повреди шест деца и наставничката по историја, бил негативен на алкохол и наркотици, дознава „Блиц“.

Според медиумот, момчето од синоќа е на Клиниката за невропсихијатрија за деца и млади, на специјално детско одделение.

Лекарите во наредните денови треба да извршат опсервација, а рочиштето на таткото е утре во 10 часот во Палатата на правдата – потврди за „Блиц“ семејната адвокатка Ирина Боровиќ.

Според сознанија на медиумот, момчето ноќта ја поминало на клиника, а откако ќе бидат завршени сите анализи ќе се утврдува што понатаму со него.

Тој вчераутро влегол во училиштето со пиштолот на својот татко, прво пукал во училишниот чувар, потоа во дежурните ученици, а потоа се упатил кон канцеларијата за историја. Таму ја ранил учителката, а потоа почнал да пука во своите врсници. Според официјалните информации од МУП, убиени се седум девојчиња, едно момче и училишниот чувар. Шест деца се ранети, како и наставничата по историја.

Синоќа илјадници граѓани ширум Србија им оддадоа почит на убиените деца и на училишниот чувар. Палеа свеќи во Белград, Нови Сад, Ваљево, Ужице.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.