Во пресметките на мафијашките кланови кои ги имаше многу во изминатиот период беа поштедени нивните најблиски. Во нивните престрелки речиси никогаш не страдаа нивните сопруги и девојки или недај боже деца.

Најсвеж пример е убиството на Јовица Вукотиќ. Во автомобилот беше и неговата сопруга Маша која е бремена. Но, убиецот на мотор го погоди само оној кој беше цел.

Истото им се случи и на Игор Дедовиќ и на Стеван Стаматовиќ во Атина.Тие во ресторанот беа со нивните сопруги но тие не беа изрешетани.

Страхиња Стојановиќ, кој беше сведок на убиството на Никола Бојовиќ,брат на Лука Бојовиќ, беше разнесен од бомба поставена под неговиот автомобил во Нов Белград во септември 2020 година а Колумбијката Соња Суарез. Гомез беше на совозачкото седиште. Таа остана неповредена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.