Седумнаесет лица се повредени во престрелката што се случила околу полноќ во познат локал во центарот на Приштина. Според изворите од местото на настанот на порталот „Репортери.нет“, тепачката меѓу двете групи започнала надвор од локалот, која потоа продолжила во внатрешноста на локалот, каде што се пукало.

Од кососката полиција соопштија дека околу 23:30 часот во кафеана на улицата „Реџеп Луци“ во Приштина биле пријавени истрели од огнено оружје.

Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и од првите информации се сомнева дека има повредени од огнено оружје, па дури и од фрагменти од стакло. Додека повредените се испратени на неопходна лекарска помош, полицијата продолжува со работа, односно увид на местото на настанот како и со други оперативно-истражни дејствија, соопшти полицијата.

Додаваат дека во моментов се идентификувани најмалку двајца осомничени како инволвирани во овој случај, а се работи на откривање на други можни осомничени.

Директорот на Ургентниот центар Насер Сиља потврди дека еден од повредените е во животна опасност.

Имаме вкупно 17 повредени лица, од кои седум со огнено оружје, а 10 со други повреди од скршено стакло или од инвентарот. Сите се во стабилна состојба, додека еден е во операциона сала и е во животна опасност. Останатите се стабилни. Возраста на пациентите се движи од 20 до 39 години, изјави Сиља.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.