Македонската ракометна репрезентација вечерва одигра нерешено 24:24 со Чешка во Злин во првиот натпревар од пресметката за пласман на Светското првенство 2023.

„Црвено-жолтите“ и покрај тоа што имаат поволен резултат пред возвратниот меч во Скопје, можат да жалат за испуштената победа, бидејќи на полувреме водеа со 13:10, во еден момент водеа со седум разлика (17:10), во повеќе наврати имаа водство од 4-6 гола.

Најефикасен во македонскиот национален тим беше Филип Талески со пет погодоци, Кирил Лазаров и Гоце Георгиевски дадоа по четири.

Реваншот е закажан за в недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.