Машката ракометна репрезентација ќе има интересни предизвици периодов. Сениорите во рамките на ЕХФ неделата (11-17 март) ќе одиграат два пријателски натпревари против Романија.

Двата меча ќе се одржат на 15 и 16 март во градот Браила и ова ќе биде одличен тест за нашите момчиња пред бараж-дуелот за пласман на Светското првенство, каде Македонија ќе се соочи со незгодната селекција на Фарските Острови.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров успеаја со еден триумф над Швајцарија да го комплетираат настапот на Европското првенство во Германија, каде Фарските Острови се прикажаа во одлично светло и им „откинаа“ бодови на неколку фаворизирани селекции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.