Женската ракометна репрезентација на Македонија се подготвува за двата тешки квалификациски натрпевари за Европското првенство, каде нашите девојки двапати ќе играат со селекцијата на Шпанија.

Македонија во моментов е второпласирана во петтата група и има исто бодови со Шпанија ( по четири), а првиот меч против „фуријата“ ќе се одигра во салата „Борис Трајковски“ на 29 февруари.

Влезот ќе биде слободен за сите љубители на ракометот, па затоа се очекува огромна поддршка за нашите репрезентативки. Овој натпревар ќе се одигра во терминот од 18:00 часот.

Вториот натпревар против Шпанија ќе го одиграме на трети март во Ланзароте, а почетокот е закажан за 17:00 часот.

Македонија е во групата заедно со Азербејџан и Литванија, репрезентации кои веќе ги совладавме во првите две кола, а особено беше убедлив триумфот против Азербејџанките, кој заврши со резултат 40-17.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.