Со жрепка во седиштето на ЕХФ во Цирих попладнево беа одредени квалификациските групи за пласман на Европското првенство во ракомет за жени во 2024 година.

Жрепката одлучи Македонија да биде во групата 5 заедно со Шпанија, Литванија и Азербејџан.

Домаќини на Европското првенство идната година ќе бидат Швајцарија, Австрија и Унгарија, а пласман на завршниот турнир ќе обезбедат двете најдобро пласирани репрезентации во осумте квалификациски групи, како и четирите најдобро треторангирани селекции.

Евроквалификациите стартуваат во октомври оваа есен, а ќе финишираат во април идната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.