Младите македонски ракометни со пет победи во исто толку одиграни средби го освоја првото место на ЕХФ шампионатот за играчи до 18 години што се одржа во Рига, Летонија.

Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ попладнево во финалето ја совладаа селекцијата на Швајцарија со 24-22 полувреме 13-10 и заслужено се закитија со златото.

Триумфот на ова првенство е дотолку поголем за оваа генерација, која се овој резултат се избори и за настап на две следни големи натпреварувања.

Тие следната година ќе играат на Светското првенство за ракометари до 19 години, а во 2024-та ќе бидат и дел од елоитата на Европскиот шампионат за играчи до 20 години .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.