Македонската ракометна репрезентација до 18 години ќе игра во финалето на ЕХФ шампионатот во Рига, Летонија. „Црвено-жолтите“ попладнево остварија убедлива победа над Луксембург со 10 голови разлика (32:22).

За Македонците ова беше четврта победа во низа. Најефикасен во полуфиналето беше Славчо Шулески со десет постигнати голови.

Противник на македонскиот национален тим во финалето ќе биде поуспешниот од мечот помеѓу Швајцарија и домаќинот Летонија кој почна во 17 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.