Македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид со пораз дебитира на европската сцена. Избраниците на тренерот Кирил Лазаров, вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје во 1. коло од групната фаза во Лигата на Европа, загубија од српскиот првак Војводина со 31:26.

Гостите во текот на целиот натпревар ја имаа контролата на резултатот, на полувреме водеа со 15:13. Алкалоид во неколку наврати се доближи, но не успеа да направи резултатски пресврт.

Иван Џонов со осум гола беше најефикасен во македонскиот тим, Марко Митев и Бинго постигнаа по пет погодоци.

Кај Војводина се истакна Вукашин Воркапиќ со осум гола.

На првиот натпревар од Ф-групата, дански Силкеборг на домашен терен забележа убедлив триумф над шпанска Ла Риоха со 34:25.

Во следното коло, Алкалоид гостува во Шпанија кај Ла Риоха.


Извор: МИА


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.