Тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров, причината за синоќешниот пораз од Војводина во 1.коло од Лигата на Европа, ја гледа во многуте промашени шанси за гол.

Македонскиот вицепрвак загуби од Војводина со 31:26, при тоа не реализира пет седмерци и неколку зицери во моменти кога можеше да направи резултатски пресврт.

– Бевме добро подготвени, доаѓавме до шанси, но затаи реализацијата. Промашивме многу зицери, згора на тоа и пет пенали. Ова ни се повторува, не е само на овој натпревар. И во македонското првенство ни се случуваат вакви работи, но квалитетот не е ист. Треба да поработиме на подобрување на реализацијата. За повеќе наши играчи овој натпревар беше „огнено крштевање“ затоа што прв пат играат во Европа, па можам да ги разберам грешките, меѓутоа во македонско првенство не. Сум задоволен затоа што креираме шанси, но реализацијата ни е катастрофална. Не знам дали е психологија во прашање, дали е индивидуален проблем. Од тренерска гледна точка треба да ја доведеш екипата да дојде до зицер. Ние денес тоа го имавме, но ни недостасуваше реализацијата за да бидеме компетитивни со екстра квалитетна екипа каква што е Војводина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.