Македонскиот ракометен вицепрвак Алкалоид, вечер со дуелот со шпанскиот тим Логроњо Ла Риоха ќе ја заокружи својата прва сезона на европската сцена.

Дуелот со шпанскиот тим ќе биде шестиот меч за Алкалоид во групната фаза на ЕХФ Европската лига.сезонава.

– Освоивме еден бод, на гостински терен и тоа токму против противникот со кој во вторник одново ќе ги одмериме силите. БМ Логроњо Ла Риоха е сериозна екипа која со години по ред ја претставува Шпанија на европската сцена. Земја која е една од најсилните во Европа и редовен освојувач на медали на големата сцена. Оваа екипа ја подигна својата форма од нашата последна пресметка и од тој момент има запишано пет победи од кои четири се во шпанскиот шампионат и еден гостински над РК Војводина во Нови Сад. Двата пораза им се на домашен терен од РК Војводина и во последното коло, минимален пораз од Бјерингбро Силкеборг. Овие резултати покажуваат не само дека ја подобриле својата форма, туку и дека подобро играат на гостински терен што ги прави дополнително опасни за следниот натпревар, објави РК Алкалоид на клупскиот сајт.

Токму против Ла Риоха, Алкалоид го одигра својот најдобар натпревар и го освои првиот европски бод, но екипата е мотивирана и посакува и прва победа на европската сцена за крај на дебитантската сезона во ЕХФ Европската лига.

Натпреварот ќе се игра во вторник во салата „Јане Сандански“ во Скопје со почеток од 18:45 часот. Билети за натпреварот, по цена од 100 и 150 денари можат да се набават преку продажната мрежа на „МК Тикетс“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.