Вечерва по средноевропско време се решава дали српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на Австралија Опен или ќе биде депортиран од земјата.

Наскоро треба да започне судскиот процес по жалбата на адвокатите на Ѓоковиќ, откако австралискиот министер за имиграција, Алекс Хок, му ја укина визата на српскиот тенисер која ја доби со медицинско изземање од вакцинација.

Процесот е префрлен во Сојузниот (федерален) суд, а за судбината на Ѓоковиќ ќе одлучуваат судиите Дејвид О’Калахан, Џејмс Олсоп и Ентони Бесанко.

Ѓоковиќ го напушти хотелот за мигранти „Парк“ во Мелбурн и се упати кон судот на процесот кој треба да започне во секој момент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.