Додека е во тек борбата на Новак Ѓоковиќ да остане во Австралија и да настапи на Австралија Опен во јавноста големо внимание со своите коментари привлекува Шпанецот, Рафаел Надал.

Надал претходно неколку пати го критикуваше Ѓоковиќ, а сега одново даде контроверзна изјава. Шпанецот порача дека не се согласува со работите што ги прави српскиот тенисер.

Турнирот во Мелбурн е поважен и поголем од било кој тенисер. Австралија Опен ќе биде одличен гренслем и без него. Го почитувам Новак, но не се согласувам со многу работи што ги направи во последните две недели – изјави Надал.

За потесетување, доколку дефинитивно биде протеран од Австралија, Ѓоковиќ нема да има шанса да јка брани титулата. Доколку Ѓоковиќ настапи на Австралија Опен и дојде до титулата ќе има 21 освоени грен-слем титули со што би имал една повеќе од Надал и Федерер на вечната листа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.