Тенис Австралија објави соопштение во врска со случајот Новак Ѓоковиќ. На првиот светски рекет му беше поништена визата, а тој не можеше да учествува на Австралија опен.

Тенис Австралија нагласи дека ја почитува одлуката на министерот за имиграција.

Нивните приоритети се „домаќин на еден од врвните спортски настани во светот“ и „обезбедување на најдобри услови за сите играчи, навивачи и јавноста“. Како австралиско тениско семејство, признаваме дека неодамнешните настани го одвлекуваа вниманието и длабоко жалиме за влијанието што ова го имаше врз сите играчи. Секогаш има што да научиме, а ние ќе го анализираме секој аспект од нашата подготовка и однесување за да го искористиме во планирањето – како што правиме секоја година. Ние – како играчите и сите тениски фанови овде и ширум светот – навистина сакаме целото внимание сега да биде насочено кон играта што сите ја сакаме толку многу, се вели во соопштението.

Во текстот повторно не се споменува самиот Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.