Белоруската тенисерка Арина Сабаленка, откако ја совлада Италијанката Лусија Бронзети во мечот од второто коло на турнирот во Бризбејн, проговори за својата цел на Австралија опен 2024.

– Многу сум задоволна од мојата игра. Се надевам дека ќе можам да го задржам истото ниво на секој натпревар, па дури и да се претставам уште подобро. Мило ми е што се вратив. Имам многу убави спомени од Австралија опен во 2023 година и сакам да дадам се од себе за да го повторам минатогодишниот резултат, изјави Сабаленка.

Таа го освои Австралија опен во 2023 година, победувајќи ја Елена Рибакина од Казахстан во финалето.

Во третото коло на турнирот во Бризбејн, кој се игра од 31 декември до 7 јануари, Белорусинката ќе се сретне со победничката од мечот Даниел Колинс (САД) – Жу Лин (Кина).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.