Данската тенисерка Каролине Вознијацка и даде поддршка на вториот рекет на светот, Белорусинката Арина Сабаленка која го загуби својот интимен партнер.

– Не можам ни да замислам низ што минува Арина сега. Ова го кажувам низ солзи. Ова е толку страшна ситуација. Многу е тешко. И се обратив и ѝ реков дека и стојам на располагање ако и треба нешто. Ја сакам Арина. Таа е прекрасна личност. Таа е секогаш толку радосна и отворена. Да се ​​види како таа поминува низ ова е болно, изјави Вознијацки за „TennisUpToDate“.

Вчера се дозна за смртта на поранешниот хокеар Константин Колцов во Мајами, со кој Сабаленка беше во врска. Полицијата во Мајами го наведе самоубиството како сомнителна причина за смртта на 42-годишниот Колцов.

Белорусинот беше во врска со Сабаленка од 2020 година. Од бракот со поранешната сопруга имаше три деца



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.