Сите љубители на кучиња денеска имаат можност да се дружат на првиот „Dog Fest“ што ќе се одржи во Скопје.

Настанот ќе трае од 12 часот до 16 часот, а организаторите најавуваат забавни игри за милениците и едукација на голем простор специјално опремен со реквизити за кучиња. „Dog Fest” ќе се одржи во „Hera Happy friendly dogs“, спроти црквата Пантелејмон во Долно Нерези.

Целта на настанот е да се подигне свеста за милениците и за одговорното сопствеништво.

Добредојдени се сите сопственици заедно со нивните кучиња, а влезот е бесплатен, велат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.