Одбојкарките на Фит фан волеј усепеаја да се пласираат во плеј-оф натрпеварите и првпат во историјата од постоењето на клубот ќе се борат за освојување на шампионската титула.

Настап во плејофот покрај Фит фан волеј, обезбедија и Работнички Скопје, Јанта волеј Скопје и Наковски волеј од Струмица.

фото: Фит фан волеј

Плејоф натпреварите почнуваат на 29 март, а моментално трае разигрувањето за да се види кој од која позиција ќе стартува.

фото: Фит фан волеј

Во чест на 15 годишниот јубилеј на Фит фан волеј, клубот објави и промотивно видео, како најава за претстојните мечеви во плејофот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.