– Организаторите на Австралија Опен денеска го објавија конечниот список со 224 учеснички кои ќе настапат во квалификациите на првиот календарски грен-слем турнир меѓу кои се најде и македонската тенисерка Лина Ѓорческа.

Дваесетидеветгодишната Ѓорческа во квалификациите на Австралија Опен ќе настапи како 216. рангирана на ВТА листата.

Квалификациите за настап на главниот турнир во Мелбурб почнуваат на 8 јануари и ќе се играат до 14 идниот месец.

Најзвучното име меѓу 224. квалификантки е британската тенисерка Ема Радукану која триумфираше на УС Опен во 2021 година, откако настапот на грен – слем турнирот во Њујорк го почна од квалификациите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.