Mакедонската тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во финалето на турнирот во Ларнака, Кипар откако славеше против Нурија Бранкацио (Италија) со 2:0 (7:5, 6:4).

Утрешното финале во Кипар ќе биде можност за Ѓорческа да го освои првиот трофеј во 2024 година.

Противничка на Ѓорческа ќе биде петтата носителка на турнирот, Луција Ќириќ Багариќ од Хрватска.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 25 илјади американски долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.