Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ фјучрс турнирот W50 во Трнава што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Таа денес во мечот од второто коло загуби од 18-годишната тенисерка од Филипини Александра Еала (180. место) со 2:0, по сетови 6.4 и 6:2 за еден час и 25 минути игра.

Во првиот сет имаше само еден брејк и го направи Еала во 10. гем од сетот кога успеа по 14 одиграни поени да стигне до посакуваното водство од 1:0 во сетови. Притоа Ѓорческа не искористи пет топки за да изедначи на 5:5 во гемови.

На почетокот на вториот сет Македонката имаше можност да направи брејк за водство од 1:0, но не успеа, а потоа втората брејк топка не ја искористи во седмиот гем од вториот сет и ривалката поведе со 5:2.

Ѓорческа со пласманот во второто коло ќе освои нови шест поени.

За следната недела нашата тенисерка е пријавена за настап на уште еден турнир во Трнава, од рангот W75 Трнава и засега е во групата на тенисерки кои ќе треба да играат квалификации



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.