Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, триумфираше над Хрватот Дино Прижмиќ со 3:1 (6-2, 6-7, 6-3, 6-4), во воведното коло на Австралија Опен.

Српскиот тенисер ја почна одбраната на титулата на грен-слем турнирот во Мелбурн со загубен сет, откако младиот противник беше поуспешен во тајбрејкот по водството на Ѓоковиќ од 1:0.

Сепак, Ѓоковиќ рутински ги реши во своја корист следните два сета и забележа победа по точно четири часа игра.

Младиот 18-годишен Прижмиќ од Сплит првпат во кариерата се најде во главната жрепка на грен-слем турнирите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.