Македонската машка одбојкарска репрезентација од 18 часот во Спортскиот комплекс „Полифлорио“ во Бари ќе се соочи со Италија во рамки на осминафиналето на Европското првенство (ЕП).

Во својот дебитантски натпревар во завршницата на големите турнири на меѓународната сцена, македонските одбојкари го добија, веројатно, најсилниот противник, кој е актуелен европски и светски првак, а дополнително и домаќин на нокаут фазата на ЕП 2023.

Според последните информации од македонскиот табор во Бари, дел од репрезентативци имаат симптоми на настинка, но лекарскиот тим вложува максимални напори играчите подготвени да влезат во вечерашниот дуел против големиот фаворит за златниот медал.

Осминафиналните натпревари на ЕП почнаа вчера, а први четвртфиналисти се Романија и Франција.

Романците со 3-2 беа поуспешни од Хрватска, додека Франција со максимални 3-0 ја елиминираше Бугарија.

Нешто подоцна, со почеток од 20.45 часот, македонската фудбалска репрезентација е домаќин на Италија на арената „Тодор Проески“ во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.