Петтиот светски рекет, Рафаел Надал, во третото коло на Австралија опен го победи Русинот Карен Хачанов со 3:1 во сетови (6:3, 6:2, 3:6, 6:1). За Шпанецот ова е осми триумф во исто толку меѓусебни дуели со рискиот тенисер.

Победата над Хачанов му овозможи на Надал шести последователен и вкупно 15. пат во кариерата се најде во втората недела на Австралија опен.

На Грен слем турнирите, Надал 18. пат по ред стигна до четвртото коло. Последен пат не играше во втората недела на Ролан Гарос во 2016 година, кога испадна во третото коло.

Вкупно 20-кратниот грен слем шампион по 51-ви пат влезе во втората недела на Грен слем турнирите. Првиот пат кога стигна до оваа фаза беше пред 17 години на Австралија опен во 2005 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.