Популарниот австралиски политичар i член на Парламентот на Австралија, Крег Кели, ја нарече срамна одлуката на Новак Ѓоковиќ да му биде укината визата и тој да биде протеран од државата.

Кели, кој е член на партијата „Обединета Австралија“ остро реагира дека одлуката нема врска со правото туку дека единствено има за цел да донесе политички поени за владата предводена од Премиерот Скот Морисон.

Каков тотален хаос. Ѓоковиќ само сакаше да игра тенис. Морисон и неговиот тим од него направија евтини политички поени. Потфрлија на секое ниво, секоја нивна реакција во текот на пандемијата беше погрешна па им беше потребен жртвено јагне. Одвратно. Срамно – напиша Кели на Твитер.

Австралискиот парламентарец подоцна упати и порака до Новак Ѓоковиќ, кому му искажува извинување за тоа како бил третиран од австралиската држава.

Како член на Парламентот на Австралија искрено ти се извинувам за ужасниот третман што го доживеа од Влдата на Австралија. Ние знаеме дека ти само сакаше да играш тенис, но Владата на Австралија безобразно си дозволи да ја вмеша политиката во спортот. Целосно те поддржувам – порача Крег Кели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.