По заминувањето од Австралија, каде што му беше укината на визата, Новак Ѓоковиќ, нема да се врати во Белград барем десетина дена. Од Мелбурн, српскиот тенисер преку Дубаи ќе замине во Шпанија, поточно во Марбеља  каде што има куќа.

Ѓоковиќ планира таму дас ги помине следните десетина денови за да се одмори по случувањата во Австралија и дури по тој период ќе пристигне во Белград.

Истовремено, Ѓоковиќ не планира да има јавно обраќања за тоа што му се случуваше во Австралија се додека не заврши Австралија опен (30 јануари).

Таквиот став на Новак е дел од неговата желба за психички одмор по се што преживеа во Мелбурн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.