НБА лигата ги објави учесниците на Олстар натпреварот на најголемите кошаркраски ѕвезди на светот што ќе се одржи во Кливленд на 20 февруари.

Прво беа обелоденети стартерите на натпреварот, кои се бираат со собирање на гласовите од фановите (50%), новинарите (25%) и активните играчи во лигата (25%).

Исток стартери: Кевин Дурант (Бруклин), Јанис Антетокумпо (Милвоки), Џоел Ембид (Филаделфија), Тре Јанг (Атланта) и Демар Дерозан (Чикаго)

Запад стертери: Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс), Никола Јокиќ (Дневер), Ендрју Вигонс (Голден Стејт), Стеф Кари (Голден Стејт) и Џа Морант (Мемфис)

Сега од лигата ги обелоденија и имињата на останатите учесници на Ослар натпреварот, коишто беа избрани од тренерите на 30 екипи во лигата.

Исток резерви: Џими Батлер (Мајами), Дариус Гарланд (Кливленд), Џејмс Харден (Бруклин), Зек Лавињ (Чикаго), Крис Мидлтон (Милвоки), Џејсон Тејтум (Бостон), Фред Ван Флит (Торонто)

Запад резерви: Девин Букер (Феникс), Крис Пол (Феникс), Лука Дончиќ (Далас), Руди Гобер (Јута), Донован Мичел (Јута), Дрејмонд Грин (Голден Стејт), Карл-Ентони Таунс (Минесота)

Џејмс и Дурант, како двајца со најголем број добиени гласови од навивачите, се назначени за капитени на двата тима и наизменично ќе избираат по еден кошаркар кој ќе биде во нивниот тим.

Доколку некој од кошаркарите избрани за настап на Олсатр натпреварот не е во состојба да игра поради повреда, претсдателот на Лигата, Адам Силвер ќе избере негова замена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.