Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги сподели своите очекувања за реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Бенфика.

– Знаеме колку се добри противниците. Ќе биде тежок натпревар и мораме да го покажеме најдоброто од себе. Треба да работиме многу обединети ако сакаме да победиме. Ни се спротивставува одличен тим, кој како и ние во последно време не ги покажува заслужените резултати во својата лига. Целта ни беше да се пласираме во четвртфиналето. Сега сме тука, имаме шанса да се пробиеме во првите четири. Игравме против многу силни тимови. Како напаѓач секогаш бев загрижен кога немав шанси. А моите момци создаваат можности, само треба да останат смирени и да го чекаат вистинскиот момент, изјави Инзаги.

Реваншот меѓу Интер и Бенфика ќе се одигра вечер од 21 часот во Милано.

На првиот натпревар одигран во Португалија, Интер победи со 2:0



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.