Црногорскиот репрезентативец, Божо Анџелиќ, е новото засилување за Вардар. Тој игра на позиција на среден бек и во Вардар доаѓа од унгарски Ференцварош каде настапува од 2018 година, објави РК Вардар 1961.

Од клубот соопштуваат дека договорот со Анџелиќ е потпишан на една сезона со можност за продолжување на уште една.

Црногорецот е второто засилување во тимот за следната сезона, по Словенецот Нејц Цехте кој доаѓа од Бундеслигата.

Во својата кариера Анџелиќ има настапувано за тимот на Црвена Звезда, Малме, Чеглед, Металург, и Ференцварош

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.