УЕФА денеска официјално објави дека првиот натпревар од 3. Квалификациско коло во Лигата на шампиони меѓу АЕК и Динамо Загреб, кој требаше да се одигра вечерва во Атина е одложен по навивачките немири во кои едно лице загина, осум се повредени, а 98 се уапсени.

Според одлуката на УЕФА, Динамо ќе го пречека грчкиот тим на 15 август во Загреб, како што е и предвидено, додека дуелот кој вечерва требаше да се одигра во Атина е одложен за 18 или 19 август во зависност од датумот за кој двата клуба ќе се договорат.

УЕФА најостро ги осудува ужасните инциденти кои се случија синоќа во Атина и кои резултираат со загуба на живот. Изразуваме наше најдлабоко сочувство до семејството на жртвата, атинскиот фудбалски клуб АЕК и нивните навивачи. Сакаме да повториме дека насилството нема место во нашиот спорт и очекуваме одговорните за овој ужасен чин да бидат уапсени и предадени на правдата во најкус можен рок, соопшти УЕФА.

Раководното тело на европскиот фудбал претходно донесе одлука натпреварите во Атина и Загреб меѓу АЕК и Динамо да се одиграат без присуство на гостински навивачи, но и покрај забраната, вчера во Атина, според извештаите на локалните медиуми, пристигнале околу 200 навивачи на хрватскиот шампион.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.