Тренерот на Рома, Жозе Мурињо го сподели своето мислење за исклучувањето во европските натпреварувања и Серија А по конфликтите  со судиите.

 

– Овде во Италија се чувствувам како да сум мета. Во ситуацијата со Чифи се почувствував навреден, мојата слобода беше нарушена. За него го кажав истото што го кажа Модриќ за Орсато, но последиците беа различни. Мене ме жигосаа, изјави Мурињо за „Марка“.

 

Португалскиот стручњак ќе пропушти два воведни натпревари од италијанското првенство, почнувајќи од 1. коло. Исто така, тренерот ќе треба да плати казна од 50 милиони евра. Истата сума ќе треба да ја плати и Рома.

Мурињо за судијата Даниеле Чифи, по мечот со Монца на крајот на минатата сезона рече: „Ова беше најлошиот судија кој сум го видел во мојата кариера, а верувајте сум се соочил со многу лоши судии“.

 

На 21 јуни и УЕФА го суспендираше Мурињо на четири натпревари поради навреда на судија во финалето на Лига Европа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.