Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси беше воодушевен од победата над Феенорд по пенал рулетот и пласманот на неговиот тим во осминафиналето на Лига Европа. Ова беше и прв успех на младиот тренер на меѓународна сцена.

Тој на шега изјави дека неговиот тим уште еднаш победил на препознатлив начин, предизвикувајќи срцев удар на нивните поддржувачи.

-Беше неверојатно, секогаш ќе се сеќавам што се случи вечерва. Тоа беше мојата прва европска вечер во Рим во оваа улога. Среќен сум што заврши како што заврши. Мислам дека заслуживме да победиме, имајќи предвид се што направивме за време на натпреварот. Победивме на типичен начин – предизвикувајќи неколку срцеви удари! Имаме добар тим, одличен стадион и среќен сум, изјави Де Роси по мечот на „Олимпико“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.