Грчките медиуми пренесуваат дека обвинителите од Атина се сигурни дека убиецот на 29-годишниот Михалис Кацурис е меѓу 98 уапсени хрватски навивачи на Динамо Загреб кои во моментов се во притвор.

За време на хаосот кој во Атина го приредија Хрватите и во кој навивачот на АЕК е брутално убиен, медиумите пишуваат дека убиецот оставил своја ДНК трага на настраданото момче.

Грчките власти во моментов спроведуваат идентификација на сите уапсени со земање генетски материјал кој ќе се спореди со оној на облеката на убиеното момче.

Според информациите, убиецот на Михалис по злочинот се погрижил да го сокрие ножот. Полициската потрага по ножот кој треба да е и клучен доказ е во тек, но засега нема вести дека е пронајден. Се земаат и изјави од сведоците а се анализираат детално и сите видео-снимки од камерите од местото на случувањето.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.